Библиотеката е опасна –
не влегувај внатре.
Доколку влезеш, знаеш што ќе се случи.
Таа е како продавница за миленичиња или пекарница –
секој пат кога ќе излезеш оттаму
држиш нешто во рацете.
Тие романи со нивните големи очи.
И тие не-глупости, сите мускулести
Хртови и Добермани,
сите не-фикции и бизниси,
милувања кога сте млади,
но, тогаш се врти првата страница.
Мирисот на крофната, знаењето,
аромата на кафето
во сите тие книги, по нешто за секого,
сувомеснати понуди на самата цивилизација.
Библиотеката е книга со книги,
со нејзините бетонски и дрвени и стаклени покривки
ги содржи во себе многу големите,
многу долгите приказни за се’.
Библиотеката е опасна, полна
со одговори. Ако влезеш внатре,
можеби нема да излезеш
како истата личност од претходно.
@„Не влегувај во библиотеката“ (1952), Алберто Риос