Посветено на Фернандо Труеба

Шпанската кинематографија е една од најмоќните и најконзистентните на стариот континент. Репрезентативен претставник на оваа ценета филмска школа е Фернандо Труеба, чии незаборавни филмови се дел од филмската лектира за сите оние кои сакаат подобро да се запознаат со спецификите на шпанската и европската кинематографија.

Интерес кон филмот Труеба (1955) пројавува кон крајот на 70-те години на минатиот век, кога работи како филмски критичар во списанијата „El Pais“ и „La Giua del Ocio“, за потоа и да го оформи и уредува во првите две години (1981/82) филмското списание „Casablanca“. Кога имате човек кој теоретски им критички и’ пристапува на филмската уметност, тогаш очекувањата за неговите филмски остварувања се големи. Сепак, првите филмови на Труеба не наидуваат на некој поголем прием на интернационалната филмска сцена, но она што е важно е дека по снимањето на романтичната комедија „Se infiel y no mires con quien“ во 1985 година, се воспоставува врската Фернандо Труеба/Андрес Висенте Гомез како препознатлив режисерско/продуцентски тандем, кој во 90-те ќе го достигне својот зенит.

Секако, зборуваме за добивањето за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје во 1992 година за филмот „Belle Epoque“, во кој за прв пат ја забележавме и талентираната Пенелопи Круз, која подоцна брилјираше и во филмовите на Педро Алмодовар. Но, останува фактот дека Труеба е тој кој ја откри и му ја подари на светот, актерката со која во 90-те соработуваше уште во филмот „The Girl of your dreams“ (2000), за по подолго време, во 2016 година, повторно да ги здружат силите и да го снимат прекрасниот „The Queen of Spain“. Токму со овие три филмови на годинашното издание на „КинеНова“ му оддаваме почит на големиот Фернандо Труеба, истовремено славејќи ја шпанската кинематографија и воопшто, култура, како дел од големото европско семејство.


14 октомври, 21 часот
Spain/1992/109’
ГОДИНА НА УБАВИНАТА (Belle Epoque/Age of Beauty)
Director: Фернандо Труеба (Fernando Trueba)
Screenwriter: Рафаел Аскона (Rafael Azcona), Фернандо Труеба (Fernando Trueba, story)
Cast: Фернандо Фернан Гомез (Fernando Fernan Gomez), Жорге Санц (Jorge Sanz), Пенелопи Круз (Penelope Cruz)

Синопсис
Во 1931 година, шпански воен дезертер се крие на осамена фарма, на која тој се вљубува во сите четири ќерки на фармерот. По одличните критики на Берлиналето, филмот на Труеба со девет шпански награди „Гоја“ и со Оскар за најдобар странски филм. Сместен во пред-Франковата Шпанија, главната ролја ја толкува Жорге Санц како Фернандо, а една од фармеровите ќерки толкува и Пенелопи Круз, во една од своите први битни филмски улоги. И по речиси 30 години, магијата е загарантирана!

Festivals and awards
Academy award USA, 1994 – Oscar for Best foreign language film
ASECAN 1993 – Best Spanish film
Berlinale 1993 – Official selection
Goya awards 1993 – 9 awards for Best movie, screenplay, actor, actress…


13 октомври, 21 часот
Spain/1998/121’
ДЕВОЈКАТА ОД ТВОИТЕ СОНИШТА (The Girl of your Dreams)
Director: Фернандо Труеба (Fernando Trueba)
Screenwriter: Рафаел Аскона (Rafael Azcona), Мануел Анхел Егеа (Manuel Angel Egea)
Cast: Пенелопи Круз (Penelope Cruz), Антониот Резинес (Antonio Resines), Жорге Санц (Jorge Sanz)

Синопсис
Ова е првиот филм на Труеба по петгодишна пауза од дoбивањето на Оскарот за „Belle Epoque“, чие дејствие повторно е сместено во триесеттие години на минатиот век (1938), кога Шпанија е разрушена од Цивилната војна. Како договор меѓу Генрал Франко и Адолф Хитлер, шпанска филмска екипа заминува во славното УФА студио во Берлин за да направат две верзии од еден популарен андалузиски мјузикл. Тие се среќни поради бегството од мизеријата на војната во нивната земја, не недолго потоа сфаќаат каде се наоѓаат, особено кога министерот за Наци пропаганда Јозеф Гебелс се вљубува во латино-шармерката Макарена. Гермската актерка која се прослави во филмовите на Фазбиндер, Хана Шигула, има камео настап во филмот како волшебната сопруга на похотливиот министер за пропаганда.

Festivals and awards
Berlinale 1999 – Official selection
Goya awards 1999 – 7 awards for Best movie, actress, new actor, costume…
Cartagena film festival 2000 – Best movie and cinematography
Santa Barbara film festival 2000 – Best movie


12 октомври, 21 часот
Spain/2016/128’
КРАЛИЦАТА НА ШПАНИЈА (The Queen of Spain)
Director/Screenwriter: Фернандо Труеба (Fernando Trueba)
Cast: Пенелопи Круз (Penelope Cruz), Антониот Резинес (Antonio Resines), Нојз Асенси (Neus Asensi)

Синопсис
Речиси дваесет години по случувањата во филмот „Девојката од твоите соништа“, во 50-те години на минатиот век, Макарена Гранада, која во меѓувреме станала холивудска ѕвезда, се враќа во Шпанија за да сними блокбастер за кралицата Изабела Прва од Гранада. Ова е уште еден раскошен триумф на филмските соработници и пријатели Фернандо Труеба и Пенелопи Круз.

Festivals and awards
Goya awards 2017 – 7 nominations
Spanish actors union 2017 – 3 nominations
The Platino awards for Iberoamerican cinema – Nomination

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *