Кога на китовите им треба дремка, тие земаат длабок здив, се нурнуваат околу 45 стапки во длабочина и заземаат совршена, вертикална позиција. Тие спијат здраво и мирно најмногу до два часа во групи од 5-6 единки, веројатно заради заштита.
Никој не знаеше дека китовите спијат вертикално се’ додека студијата од 2008 година не го документираше нивното однесување. И никој немаше снимено навистина добра фотографија од нивното дремење до 2017 година. Францускиот фотограф Стефан Гранзото ги документирал во Медитеранот кога сосема случајно налетал на овие заспани китови, за потребите на неговата книга за суштествата кои живеат на нашата планета.