Во 437 издание на филмскиот магазин на ТВ Телма, разговор со српскиот режисер Срдан Голубовиќ, чиј актуелен филм „Кругови“ го отвори Скопскиот филмски фестивал.
Таг архива: голубовиќ
Напишете коментар
Стапица за балканскиот лавиринт
Кон „Стапица“ на Срдан Голубовиќ
Одамна на големото платно се нема појавено толку вознемирувачки филм како „Стапица“, можеби уште од времето на рускиот лауреат во Венеција во 2003 година, „Враќање“ на Андреј Звјагинцев. Семејната драма и специфичните меѓучовечки односи, доколку се работи за добро напишано сценарио, отсекогаш претставувале полн погодок, токму како што тоа е случај со ракописот на брачниот пар Срѓан и Мелина Кољевиќ, кои успешно го адаптирале истоимениот роман на Ненад Теофиловиќ. Балканската транзиција како меѓупростор во кој паралелно левитираат новите капиталисти и скромните граѓани е одлична почва за филмска лавиринт-приказна од која нема излез, нешто што во ниту еден момент нема никого да остави рамнодушен.