Првата лектира во средно училиште која ме извади од сопствената кожа беше „Странецот“ на Албер Ками. Ако добро паметам, се обработуваше во трета година, и беше вистинско освежување меѓу задолжителните четива по македонски јазик поради провокативноста на темите што ги обработува, толку провокативни и пркосни за еден средношколец со пубертетски мустаќиња. Затоа деновиве решив да ја препрочитам и да осознаам што било тоа што на времето ме треснало од земја. Но препрочитувањето од оваа перспектива и со овој ум отвори и други прозорци за размислување.
Читај повеќе„Странецот“ на Ками и нужноста од квалитетни лектирни изданија
Напишете коментар