Се’ уште се свежи сеќавањата кога поранешната заедница на која припаѓавме почна крваво да се распаѓа, расчистувајќи со минатото, а во кината пристигна новото остварување на Вим Вендерс во кое тој кокетираше со иднината. Фино залегнати во кино-фотелјите на „Култура“ во „оазата на мирот“, по неколку пати уживавме во таа утопија на екранот, во која германскиот маг ни навестуваше свет во кој ќе можеме да си ги снимаме сопствените соништа. За таква (а не за онаква) транзициска иднина каква што се наѕираше зад аголот, вредеше да се живее.
Таг архива: крајот
Кон „САМО Е КРАЈОТ НА СВЕТОТ“ на Ксавиер Долан
Последниот филм на контроверзниот Ксавиер Долан, „Само е крајот на светот“ (Juste la fin du monde), минатата година во Кан доби „Гран при“ од жирито, односно втората награда по вредност на престижниот фестивал. Филмот можеби дистрибутерски малку доцни во овие краишта, но филм зад кој стои Долан со сиот багаж зад себе преку филмовите „J’ai tué ma mère“ (2004), „Les amours imaginaires“ (2011), „Tom à la ferm“ (2013)… секако мора да се погледне. На крајот испаѓа дека наградата што му ја доделило жирито на чело со претседателот Џорџ Милер (Лудиот Макс) е повеќе од компромис, ако знаеме дека победи извонредниот „Јас, Даниел Блејк“ на Кен Лоуч, веројатно за да има некаков баланс со Британците во тој вечен антагонизам помеѓу La France и Островот. Читај повеќе
„Крајот“ од Атила Бартиш
Ова е приказна за еден фотограф, кој… Не: приказна за еден маж, кој… Не: приказна за една љубов, која… Или приказна за повеќе љубови кои меѓусебно… Или приказна за една држава која… Ех, да оставиме. Овој роман ни дава сè што може да ни даде еден роман: вистина, искреност, атмосфера, фабула… Сеедно дали читателот ќе го смета Андраш Сабад за манијак, или пак смртно ќе се вљуби во него, секако ќе почувствува дека само така вреди да се живее, како него: со таков оган. Читај повеќе