Таг архива: приказна

Исус низ уметноста

Сите ние, горе-долу, го знаеме текот на библиската приказна за 33-те Исусови години на Земјата. Иако од неговата осумнаесетта до неговата триесетта година од животот, според добрите познавачи на материјата, нема многу релевантни податоци, се смета дека тој период го минал во изучување и практикување на столарскиот занает. Впрочем, и самите дела на сликарите најчесто младиот Исус го сликаат во таков, работен амбиент. Во овој текст ќе ги претставиме некои од исклучителните дела во уметноста кои го прикажуваат Христос во различните фази од неговиот живот, од уметници што доаѓаат од сите континенти. Токму таа различност во пристапот и стиловите е она што овие слики ги прави возбудливи и неповторливи.

„Тој плаче над Ерусалим“ (1892), Енрике Симонет Ломбардо
Читај повеќе

„Приказни од облаци“ од Кристина Тот

Деновиве од печат излезе новата книга за деца во едицијата „И ете приказна“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ. Се работи за сликовницата насловена „Приказни од облаци“ од Кристина Тот, во превод од унгарски јазик на Златко Панзов и јазична редакција на Анамарија Цинеге Панзова. Изданието е збогатено со прекрасните цртежи на илустраторот Бибор Тимко, а издадено е со поддршка на ЕУ како дел од програмата „Креативна Европа“.

Читај повеќе

„Вистинска приказна“ на Лукијан од Самосата

Првиот превод од класичен јазик во издавачката дејност на ИЛИ-ИЛИ изискуваше да се отвори и нова едиција насловена „Арго“, која се надеваме дека во иднина ќе се збогати со уште многу наслови. „Виновник“ за оваа новина е книгата „Вистинска приказна“ на Лукијан од Самосата, во превод од старогрчки јазик на Светлана Кочовска-Стевовиќ.

Читај повеќе