Таг архива: роналдо

„(Н)ЕУРО 2024“ во Германија

Вечерва, по одгирувањето на финалниот натпревар меѓу Шпанија и Англија, ќе го дознаеме новиот европски фудбалски владетел во следните четири години. Според игрите, тоа сосема го заслужува новата шпанска генерација со сите шест победи досега, но гледајќи од англиска перспектива, судиската секогаш е последна. Германија беше добар домаќин на „најбалканското“ европско првенство, со најмногу квалификувани репрезентации досега од овој дел на Европа. И како и во 2006 година, кога беше домаќин на светското фудбалско првенство, таа остана со кратки ракави во однос на медалите. Но тоа е разбирливо кога во оваа генерација немаат голгетер од рангот на еден Јирген Клинсман, да речеме. Затоа тој и неговата „Буба“ добија заслужено место како насловна фотографија на овој текст, кој претставува мал хајлајт на најинтересните случувањата на „ЕУРО 2024“  во изминатиот месец.

Читај повеќе →

Колекционерски радости со албумите на „Панини“ и негувањето на детето во себе

Со лепењето на последната сликичка, деновиве финиширавме со полнењето на десеттиот, јубилеен албум од европските и светските фудбалски првенства, секако, во издание на Панини. Последниве неколку години имам голема помош од Ведран, кој оваа година веќе сам можеше да ги одлепи сликичките и да ги залепи на предвиденото место, без да ги оштети на ќошот при одлепувањето или да ги залепи малку накриво, како во претходните албуми. Така, и покрај дизајнерските недостатоци на кои многумина се пожалија, со најавата дека правата за следното светско фудбалско првенство кое во 2026 година ќе се одржи во Канада, САД и Мексико ќе му бидат одземени на легендарниот италијански издавач на албуми со самолепливи сликички, го прави актуелниот албум „Катар 2022“ драгоцен колекционерски примерок.

Читај повеќе →