Кон претставата „Деца на светот“ од Стефан Цанев, во режија на Васил Михаил
пишува: д-р Тони Ќосев
„Каде што ми е добро – таму ми е татковината“. Аристофан
„Смеа со солзи“, рекол Пушкин за Гогољ. Во времето на стереотипи, клишеа и излитени фрази, Стефан Цанев направил црнохуморна драма, толку искрена и горчлива. Моќна сатира за продолжената општествена криза. Налик на фадо мелодија – плач, полн со меланхолија и безнадежност. Темата е општобалканска – иселувањето на младата популација во современиот Елдорадо – развиените земји на Западот и Северот.
