Таг архива: фај

Иркутск

Долго време Сибир за мене беше пространа целина на царски, потоа советски зандани, земја со екстремна клима, каде што човекот се обидувал да ѝ го наметне својот закон на една сурова природа. Таа постоеше во мене низ книгите како „Збогум на Матиора“ од Валентин Распутин, или „Дивите сибирски заливи“ од Евгениј Евтушенко. Во кино „Лидо“, како ученик, одев да го гледам филмот „Сибиријада“ од Кончаловски, во кој еден лик, насетувајќи го бесот на своите претпоставени, ќе рече со фаталистичка насмевка: „Не може да се биде испратен подалеку од Сибир“.

Читај повеќе

„Моите ноќни возови“ од Ерик Фај

Многумина ќе се сложат дека единственото вистинско-вистинско патување е она со возот како превозно средство. Поминувањето низ неверојатни предели и благоста на осамата која притоа ви ја крепи личноста се неповторливо искуство. Токму тоа го опишува реномираниот француски писател Ерик Фај во неговата книга „Моите ноќни возови“, која денес излегува од печат. Преводот од француски на македонски јазик е на Гзиме Старова, дизајнот на корицата е на Марија Смилевска, а излегувањето на книгата финансиски е помогнато од Министерството за култура на РС Македонија и Францускиот институт во Скопје.

Читај повеќе