На 5 октомври, Шведската кралска академија во Стокхолм соопшти дека Нобеловата награда за литература за 2023 година оди во рацете на норвешкиот писател Јун Фосе поради „иновативните драми и прозата која му дава глас на неискажливото“. Во тој момент (а и ден-денес) на македонски јазик може(ше) да се најде единствено делото „Трилогија“ кое во 2018 година го објави издавачката куќа „Готен“, во превод од англиски јазик на Владимир Јанковски. Треба да се има добар „нос“ неколку години пред добивањето на престижната награда да се преведе еден автор на мајчин јазик, „подарувајќи“ им на домашните читатели врвно книжевно и естетско доживување. И што е најважно, засега „Трилогија“ не може да се најде во превод на некој од соседните јазици, што на некој начин претставува овдешен издавачки куриозитет.
Читај повеќеКон „Трилогија“ од Јун Фосе
Напишете коментар