Читањето на одличните романи на Јун Фосе (Нобелова награда за 2023 година) ме натера да се навратам на делата на најголемиот скандинавски писател Кнут Хамсун (роден на 4 август 1859 година), почнувајќи токму од неговата дебитантска книга. „Глад” е револуционерен роман прв пат објавен во 1890 година. Ова дело се смета за книжевно отворање на 20 век и важи за извонреден пример на модерна литература водена од психологијата. Според Исак Башевис Сингер, „Хамсун во секој поглед е татко на модерната книжевност“.
