Таг архива: депонија

„Чума“ од Албер Ками

„Втората депониска криза“ во метрополата, по онаа во 2023 година, на улица ги изнесе градските стаорци, а експертите предупредија дека може да дојде до епидемиолошка криза, потсетувајќи не’ на времињата од 16 и 17 век, кога натрупаното ѓубре предизвикало смртоносни зарази. Сето ова беше добра причина во домашната библиотека да ја дувнам прашината од класикот „Чума“ на Ками и да го препрочитам после долго време. Издаден во 1970 година во славната библиотека „Атлас“ на издавачката куќа „Македонска книга“, онаа со незаборавен зелено-бел дизајн на корицата и со сугестивното лого во средината, романот е во превод на Вера Христова.

Читај повеќе

Кон „Депонија“ од Славко Јаневски

Пред пар седмици го препрочитав последниот роман на Славко Јаневски, „Депонија“. Долго време ме гледаше од полицата, и јас нему, секако, му фрлав „љубовно-љубопитен“ поглед, особено поради тоа што поминаа повеќе од две декади од неговото објавување и следствено на тоа, од првото читање, па време беше да му се навратам бидејќи сум го подзаборавил.  Зошто инаку создаваме домашни библиотеки доколку одвреме-навреме не ги препрочитуваме книгите? Но ете, случајот сакаше „Депонија“ да се реактуелизира не поради тоа што е последниот ракопис на Јаневски додека се’ уште беше меѓу нас, туку поради тековните случувања со нашата метропола, која деновиве се дави во ѓубре, со што уште еднаш се потврди онаа старата дека „животот пишува романи“, односно, дека „книжевноста може да биде стварна, а стварноста да се претвори во книжевност“.

Читај повеќе