Таг архива: јаневски

Кон „Депонија“ од Славко Јаневски

Пред пар седмици го препрочитав последниот роман на Славко Јаневски, „Депонија“. Долго време ме гледаше од полицата, и јас нему, секако, му фрлав „љубовно-љубопитен“ поглед, особено поради тоа што поминаа повеќе од две декади од неговото објавување и следствено на тоа, од првото читање, па време беше да му се навратам бидејќи сум го подзаборавил.  Зошто инаку создаваме домашни библиотеки доколку одвреме-навреме не ги препрочитуваме книгите? Но ете, случајот сакаше „Депонија“ да се реактуелизира не поради тоа што е последниот ракопис на Јаневски додека се’ уште беше меѓу нас, туку поради тековните случувања со нашата метропола, која деновиве се дави во ѓубре, со што уште еднаш се потврди онаа старата дека „животот пишува романи“, односно, дека „книжевноста може да биде стварна, а стварноста да се претвори во книжевност“.

Читај повеќе

Кон романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од Влада Урошевиќ (Арс либрис, 2022)

Конечно, прозниот мајстор кој со децении наназад ja облагородува македонската книжевна сцена со прекрасни приказни, заслужено се вброи меѓу добитниците на наградата „Роман на годината“ за своето дело со генијално долго-осмислен наслов. Можеби тоа го заслужи уште со прекрасниот „Маџун“, мојот дефинитивен фаворит од неговата густа творечка библиографија, но Влада Урошевиќ и понатаму не престанува да изненадува со нови дела од својата книжевна лабораторија, па еве, во подготовка е новата збирка раскази „Вонземјанки“ со поднаслов „Раскази од Латинскиот кварт“, која во издание на ИЛИ-ИЛИ ќе излезе оваа пролет, на радост на бројните читатели и обожаватели.

Читај повеќе

Кон „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски

Објавувањето на актуелниот „Роман на годината 2020“ на Фондацијата „Славко Јаневски“ се случи на штандот на „Антолог“ на септемврискиот Саем на книгата, по чие завршување новото дело на Јанковски имаше приоритет меѓу многуте во мојата домашна библиотека кои требаше да се прочитаат. Првите импресии веднаш ги проследив до авторот преку мејл, а деновиве, по препрочитувањето на книгата, токму тој прв импулс преточен во текст го земав како основа за освртот кој следи, секако, надграден со нови забелешки.  

Читај повеќе

Кон „Песот со тажен поглед“ од Оливера Николова, („Роман на годината“ 2019)

Во жестока конкуренција составена од 38 наслови (една од најплодните романескни години во македонската книжевност во последнава деценија), Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ во петокот на конференција за новинарите го објави името на победникот. Куриозитетот вели дека Оливера Николова конечно го скрши мразот и за ПРВ пат во 21-годишната историја на наградата, по ВТОР пат ја доби престижната титула „Роман на годината“.

Читај повеќе

„Дина“ во „Мезанин“ 124

Разговор со Филип Јаневски за нивниот деби албум „Враќање кон светлината“ во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел.

Читај повеќе