Поминаа педесет години од објавувањето на еден од култните романи во 70-те години на минатиот век. Настанат на основите на слободарските движења една декада пред тоа, книгата на Роберт Пирсиг со своите ставови делува свежо и релевантно и ден-денес, неретко служејќи како референца во разни дебати (не само книжевни). Башка, издаден е во 1974-та, годината на моето доаѓање на овој свет, а кон тој период во книжевноста и воопшто, во уметноста, имам посебни чувства. Токму затоа периодов решив да му се навратам и да го препрочитам ова дело, и во продолжение ќе се обидам да објаснам зошто истото се’ уште е битно.
