Филмскиот бисер од последнава година, „Притаен тигар, скриен змеј“ на Анг Ли е звучно надополнет со уште еден музички бисер, саундтракот за филмот, кој содржи 15 теми компонирани од Тан Дан. Режисерот Ли кој има сериозен холивудски бекграунд („Sense and sensibility“, „The Ice storm“) сними приказна која претставува хибрид на тајванската и кинеската култура напишана на мандарински јазик, а Тан Дан, фантастично координирано, го надополни делото со звуци што елегантно се надоврзуваат на мултикултурните обрасци и влијанија при создавањето како на филмското, така и на музичкото дело како две засебни, но сепак комплементарни целини.
Читај повеќеКон музиката за филмот „Crouching Tiger, Hidden Dragon“ на Tan Dun
Напишете коментар