Таг архива: касабова

ЧИЈА СИ ТИ?

ЗА (БЕЗ)СМИСЛАТА НА ГРАНИЦИТЕ

„Сакаме ли поспокоен свет, ќе треба да се научиме на мир себеси. Тоа е најтешката задача!“ („Кон Езерото“, Капка Касабова)

пишува: проф. д-р Ана Витанова-Рингачева (Филолошки факултет, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип)

Сеќавањата на минатото, без разлика дали се слушаат како раскажани приказни или како доживеани премрежиња, чувството на припадност го вкоренуваат уште подлабоко. Спомените за животот некогаш стануваат слики коишто човекот засекогаш ги носи со себе, како болен израсток на кожата, кој на ниту еден начин не може да се отстрани. Неговото хируршко, насилно отстранување подразбира крварење и болка, а потем и лузна, длабока до коска. Откорнувањето од домот во суштина значи откорнување од самиот себе, свлекување на кожата и нејзино положување на земјата создателка и хранителка. Кожата ‒ жртвениот подарок за мајката земја, да се услиши и да им прости на оние кои со човечка крв испишувале нови граници на Балканот, а место меѓа, оставале куп човечки коски.

Читај повеќе

„Граница“ од Капка Касабова

Со задоволство објавувам дека утре од печат ќе излезе преводот на книгата „Граница“ од Капка Касабова. Таа е една од ретките авторки која со возбуда ја читам и препрочитувам, затоа што нејзината документаристичка проза е пишувана во традицијата на најдобрите автори во овој жанр: од легендарниот Ришард Капушќински, преку Нобеловката Светлана Алексиевич, па се’ до новата генерација (полски) писатели кои милуваат да пишуваат во овој жанр, споменувајќи го на ова место омилениот Мариуш Шчигел. По одличниот прием на „Кон езерото“, од англиски на македонски јазик, во превод на Бранислав Мирчевски, книгата ја објавува „ИЛИ-ИЛИ“ во рамките на едицијата „На пат“.

Читај повеќе