Таг архива: витанова-рингачева

КОТАТА 2023

Кон романот „Ветрилиште“ од Игор Анѓелков

пишува: Ана Витанова-Рингачева

„Ако Ван Гог не продал ни пет слики, ако не се знае Моцартовиот гроб, ако Хомер пеел за смртта на Хектор за еден пехар вино, кој е тој човек што би можел да каже за себе дека заслужил некоја награда и кој би смеел да ликува поради неа?“ (М. Маџунков)

Во светот на уметниците постои еден парадокс. Тие си пречат еден на друг. Тие се закана еден за друг. Уметноста е заедничкиот дом за сите. Општеството со вискоизградена самосвест за важноста на културата, го чува тој дом, го реставрира и ги заменува расипаните светилки, за да не остане во мрак и незабележан за минувачите. Но и мета за ограбувачите. Земајќи го в раце „Ветрилиште“, најновиот роман на Игор Анѓелков, на корицата забележав светилник. Од асоцијациите што надоаѓаа, првата беше за светилникот како најосамената градба поставена на стрмна карпа, високо над морето. Силно удиран од ветровите таму горе, не престанува да им биде патоказ на бродовите и нивните патници. Оттаму погледот има далечен досег.

Читај повеќе

ЧИЈА СИ ТИ?

ЗА (БЕЗ)СМИСЛАТА НА ГРАНИЦИТЕ

„Сакаме ли поспокоен свет, ќе треба да се научиме на мир себеси. Тоа е најтешката задача!“ („Кон Езерото“, Капка Касабова)

пишува: проф. д-р Ана Витанова-Рингачева (Филолошки факултет, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип)

Сеќавањата на минатото, без разлика дали се слушаат како раскажани приказни или како доживеани премрежиња, чувството на припадност го вкоренуваат уште подлабоко. Спомените за животот некогаш стануваат слики коишто човекот засекогаш ги носи со себе, како болен израсток на кожата, кој на ниту еден начин не може да се отстрани. Неговото хируршко, насилно отстранување подразбира крварење и болка, а потем и лузна, длабока до коска. Откорнувањето од домот во суштина значи откорнување од самиот себе, свлекување на кожата и нејзино положување на земјата создателка и хранителка. Кожата ‒ жртвениот подарок за мајката земја, да се услиши и да им прости на оние кои со човечка крв испишувале нови граници на Балканот, а место меѓа, оставале куп човечки коски.

Читај повеќе