Овој месец се навршуваат три децении од објавувањето на првиот број на „Маргина“. Добро се сеќавам, годината беше 1994, во некогашната заедничка држава војната се’ уште не го имаше достигнато деструктивниот врв, а во „оазата на мирот“ се појави часописот за сурфање по рабови, како повик кон збунетите млади луѓе кои бараа поинакво мислење од она што секојдневно се сервираше во вестите на телевизиските канали. „Маргина“ одигра значајна улога во првата декада од осамостојувањето на државата нудејќи лепеза од теми релевантни во моментот, чие ехо го чувствуваме и ден-денес, но во сосема поинаква форма. Во текстот ќе се обидам да се потсетам на одредени моменти како дел од редакцијата на „Маргина“, на тој начин чествувајќи го тридецениското постоење на часописот кој најпрво „сурфаше по рабовите“, а потоа орбитираше како списание за „ширење на децентралистичка култура“. Подгответе се за субјективен времеплов низ шаренилото од светови кои ги нудеше „Маргина“ на читателите, сами создавајќи ја сликата за значењето на овој проект 😉
Читај повеќеТаг архива: маргина
Scar Wash
Ова е третиот напис од серијалот текстови за македонската музичка сцена во 90-те, покрај оној за „Нашински звук“ и „Балкан експрес“. Ова интервју е правено на диктафон во автомобил на паркингот пред хотелот „Холидеј ин“, тогашен „Гранд хотел“, во центарот на Скопје.
Читај повеќеБалкан експрес
Балкан експрес спаѓа меѓу најинтересните бендови во моментов на македонската алтернативна сцена, но баш и не се утепаа од работа и имаат многу малку снимки. Како и да е, со нив ја започнуваме малата серија на „рокенрол интервјуа“.
Читај повеќеНашински звук
Од сеопфатното лудило кое веќе долго време лебди над градот-црв, се обидовме да најдеме спас и позитивна енергија надвор од него, на периферијата, „каде дивите пци верно го чуваат духот на тишината“. И додека црвениот бус за Драчево со број 41, шраф по шраф, ја зголемува својата брзина, во неговиот миризлив и од провев одвеан багажник двете електро-глави на Вампира и Лудвиг со нетрпение го очекуваа оној момент на мостот кога нивните внатрешни органи барем за момент ќе ги променат своите места, на тој начин постигнувајќи хај-прашина во мозокот. In-Out, Input-Output… Спој во колата за комуникација. Репрограмирање, молам.
– Лудвиг, Лудвиг, влегуваме во подземјето – ме протресе охрабрувачкиот глас на Вампира.
Читај повеќе