Деновиве од печат излезе преводот на „Медеја“ од Сенека. Ова е втора книга во едицијата „Арго“ на ИЛИ-ИЛИ, по преводот од старогрчки на „Вистинска приказна“ на Лукијан од Самосата. Светлана Кочовска Стевовиќ овој пат од латински на македонски јазик го преведе култното дело на римскиот книжевник и филозоф, со надеж дека ќе предизвика интерес кај македонските читатели, особено кај претставниците на театарската фела.
Читај повеќе„Медеја“ од Сенека
Напишете коментар