Таг архива: мирчевски

ЧИЈА СИ ТИ?

ЗА (БЕЗ)СМИСЛАТА НА ГРАНИЦИТЕ

„Сакаме ли поспокоен свет, ќе треба да се научиме на мир себеси. Тоа е најтешката задача!“ („Кон Езерото“, Капка Касабова)

пишува: проф. д-р Ана Витанова-Рингачева (Филолошки факултет, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип)

Сеќавањата на минатото, без разлика дали се слушаат како раскажани приказни или како доживеани премрежиња, чувството на припадност го вкоренуваат уште подлабоко. Спомените за животот некогаш стануваат слики коишто човекот засекогаш ги носи со себе, како болен израсток на кожата, кој на ниту еден начин не може да се отстрани. Неговото хируршко, насилно отстранување подразбира крварење и болка, а потем и лузна, длабока до коска. Откорнувањето од домот во суштина значи откорнување од самиот себе, свлекување на кожата и нејзино положување на земјата создателка и хранителка. Кожата ‒ жртвениот подарок за мајката земја, да се услиши и да им прости на оние кои со човечка крв испишувале нови граници на Балканот, а место меѓа, оставале куп човечки коски.

Читај повеќе