Таг архива: море

Јадица

Со овој прилог ќе се обидеме да се прилагодиме на овие неподносливи летни сахарски температури. Истовремено, инспирирани од фотографиите од риечкиот рибен пазар, можете да „украдете“ некоја идеја за денешниот ручек. Цените на рибите се во куни, бидејќи посетата на прекрасниот и магичен град на Јадранот се случи пред две години, кога се’ уште не беше воведено еврото како платежно средство. За поетиката е задолжен г-нот Џибони, кој во 2016 година, на албумот „Фамилија“ објавен во соработка со Оливер Драгојевиќ, ни ја подари една од најубавите јадрански песни во новиот милениум. Уживајте 😉

Udica se zadije za prste
Taman ono koliko joj triba
Da se čovik siti da je dobro
Što se nisan rodi kao riba

Читај повеќе

„На осамениот брег покрај морето“ од Зоран Фериќ

Романот „На осамениот брег покрај морето“ е составен од девет приказни чии главни ликови се легендарните далматински „галеби“, тие сурови ловци на женски срца и тела, еден вид заштитен знак на југословенските летувалишта во текот на седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век. Сместен на островот Раб, романот ги следи судбините на неколку (анти)херои и нивните бројни „подвизи“ на горчливо-духовит начин, специфичен за делата на Зоран Фериќ. Но, покрај машките ликови, слободно може да се каже дека поважни се блескаво разработените женски ликови, локални жителки и туристки, зашто тие ги диктираат нештата и околу нив се врти сѐ.

Читај повеќе