Како “кец на десетка” ми дојде можноста на сребрениот екран да го гледам актуелното остварување на Иво Трајков, “Медена ноќ”, на фестивалот “Браќа Манаки” во Битола, откако пролетта, кога се случи неговата премиера во отворањето на Скопскиот филмски фестивал, не бев во можност тоа да го сторам. Два македонски нови филмови (по премирата на “Лазар”) за само два дена, и тоа не било какви, туку две квалитетни домашни остварувања – полна капа!
Таг архива: недевска
Разговор со Иво Трајков и екипата на филмот „СОЗЕРЦАНИЕ“
Сè започна од прекрасните инсерти што ги добив, со музика од сугестивните „Ентони енд д Џонсон“. За жал, на крајот не успеале да ги добијат правата за користењето на музиката, и истите сцени изгледаа сосема различно во рамките на филмот. Нејсе. По повод светската претпремиера на филмот, во КИЦ во Скопје прес-конференција за новинарите, која ја покривме во „Филмополис“ број 225, и на која беа присутни, покрај Иво Трајков и Верица Недевска-Трајкова, и тогашниот директор на Филмскиот фонд, Дејан Илиев, кој нагласи дека стратегијата е поддржување условно мали филмови со големо срце, алудирајќи на буџетот од 650 илјади евра со кои беше снимен филмот на Трајков. На пресот во Скопје присуствуваше и дел од чешката екипа во филмот: Јиржи Конечни – продуцент, Давид Швехлих – актер, и Клаус Фуксјегер – кинематографер од Австрија. По половина година, официјална кинопремиера на 12. издание на Скопскиот филмски фестивал, кој по кризата што го зафати, се бараше себеси, сместувајќи се моментно во Кинотеката на Македонија. Еве го и официјалниот кавер на таа фестивалска премиерна вечер на „Созерцание“ (или „Патот на Јозеф“, за оние што заборавија) во „Филмополис“ 251.