Особено ме радува секој нов осврт, секое ново „читање“ на романот „Мина“ кое, како што наведува и Умберто Еко, е субјективна прошетка низ наративните шуми на ракописот и една од многуте можни „вистини“. Сашо Огненовски е посветен и вреден чинител на македонската книжевна сцена, кој освен како автор и издавач, низ рецензии активно ги проследува и случувањата на истата таа сцена. Благодарност, Сашо, за одвоеното време и вредниот прочит на романот.
