Таг архива: ќосев

Кон романот „Ветрилиште“

пишува: д-р Тони Ќосев

„Стварноста останува грдо пајче, се’ додека вниманието не ја претвори во лебед“. Владимир Пиштало

„Ветрилиште“ е најновото и најзрело дело на Игор Анѓелков, со кое се нареди во редот на моите омилени писатели од балканскиот книжевен простор – Јерговиќ, Басара, Маџунков, Миневски, Великиќ, Пиштало, Господинов, Картареску и др. Да, признавам, јас сум пристрасен и субјективен навивач на Анѓелков, но има вистина во таа констатација. Што би рекол Горан Бреговиќ : „Ма све вам могу речи мирно, мене и онако нико не узима за озбиљно…“

Читај повеќе

Време на уживање

Кон романот „Мина“ од Игор Анѓелков; пишува: Тони Ќосев

Во деведесеттите години на минатиот век, на Балканот беснееја страшни војни. Во Белград почна да излегува неделникот „Време“, интелектуален светилник кој фрлаше светлина надалеку во тоа мракобесие. Последна рубрика во весникот беше „Време на уживање“, во која на лирски начин беа опишувани разни предмети, појави и активности кои помагаат за бегство од стварноста, како начин на преживување. Мене најмногу ми се допадна написот за дебелите книги. Читањето како библиотерапија.

Читај повеќе

Осврт кон збирката раскази „Двојна експозиција“

Доктор Тони Ќосев е ценет професионалец од Струмица, љубител на уметностите, и пред се’, пасиониран читател. Како редовен впивач на изданијата на ИЛИ-ИЛИ, тој одвои време и напиша осврт кон новата збирка раскази „Двојна експозиција“, која ја пренесувам во целост. Голема благодарност!!!

Читај повеќе

Трансформацијата на кроткиот човек Игор Анѓелков

Во време кога сите сме преокупирани со ситуацијата во која нашите генерации за прв пат се соочуваат со пандемија од ваков вид, романот „Шрапнел“ мудро продолжува да живее меѓу читателите. Впрочем, кога книгата ќе излезе од печат, таа веќе не му припаѓа на писателот, туку на читателите. А д-р Тони Ќосев е еден од нив. Ценет професионалец во Струмица и околината, љубител на уметностите, и пред се’, пасиониран читател. Токму затоа се драгоцени ваквите импресии. Текстот го добив на мејл, и по телефонскиот разговор во кој со д-р Ќосев убаво си поприкажавме, добив дозвола да го објавам и овде

Читај повеќе