Многу ми е ќејф што во ИЛИ-ИЛИ продолжуваме да ги поддржуваме новите, млади гласови во македонската литература. Еден од нив е и Димитар Димоски, кој во изминатите години го покажа својот талент преку пишувањето раскази, идеална форма за секој книжевен почетник. Тој веќе има освоено неколку награди за нив, а во „Неми филмови“ се претставува како зрел дебитант-раскажувач кој владее со својот израз, раскажувајќи приказни во кои идеално ги сопоставува личното и фикционалното. Свои деби изданија во ИЛИ-ИЛИ ги имаа Румена Бужаровска, Снежана Младеновска Анѓелков, Ирена Јорданова, Давор Стојановски… Димитар Димоски на достоен начин ја продолжува таа низа, отворајќи простор за понатамошен развој на сопствениот раскажувачки талент.

