Со доделувањето на наградите на најдобрите остварувања се заокружува официјалното издание на годинашниот „КинеНова“ фестивал од 08 до 18 октомври, кој во неверојатни услови сепак го реализираше своето најинтересно издание досега. Многу сум задоволен што во година кога беше тешко воопшто и да се помисли да се организира филмски фестивал, знаејќи дека, меѓу другите, се одложи и еден Кански фестивал, а нашиот најстар фестивал „Браќа Манаки“ имаше само една симболична вечер, ние сепак успеавме да направиме одлична програма, во која во фокус секогаш е главната, натпреварувачка програма. Ценетото жири на чело со легендарниот полски режисер Кшиштоф Зануси нагласи дека изборот на филмовите бил интересен и богат, и дека се дискутирало буквално за сите наслови, на што сум особено горд. Годинашните лауреати уште еднаш ја покажаа разноликоста во пристапот при селекцијата на филмовите, давајќи увид во најдобрите деби остварувања кои доаѓаат од различни светски кинематографии. Затоа, продолжуваме и понатаму со „ловење“ на новите креативни сили во седмата уметност.
Лауреати на „КинеНова“ 5
Напишете коментар