Поминаа шеесет и три години од излегувањето на еден од првите урбани романи во македонската книжевност, „Под усвитеност“ од Димитар Солев, кој авторот го напишал кога имал дваесет и седум години. Солев и’ припаѓа на средната генерација повоени македонски писатели кои со своите први дела ги поставиле темелите на новата, современа македонска литература во втората половина од дваесеттиот век. „Под усвитеност“ е негов прв роман, но втора издадена книга, по збирката раскази „Окопнети снегови“ од 1956 година. И во обете книги „тематската преокупација се случувањата за време на Втората светска војна во Скопје под окупаторската чизма, и судбината на младоста во него што изминува под сенката на тие четири години од царството на смртоносната стихија“, пишува Александар Спасов во поговорот кон прозните дела на Солев, по кои набргу следат и новата збирка раскази „По реката и спроти неа“ (1960) и вториот роман „Кратката пролет на Моно Самоников“ (1964), во кои од сеќавањата на воените години авторот преминува во книжевно третирање на современоста.
Кон романот „Под усвитеност“ од Димитар Солев
Напишете коментар