Во средината на 90-те имав можност почесто да патувам во Будимпешта како концертна дестинација. По паѓањето на „железната завеса“, музичарите и филмаџиите сакаа да престојуваат во градот на Дунав, каде во последната деценија на минатиот век се случуваа убави нешта, а за тоа не ни бараа визи. За време на еден таков излет, открив еден културен центар со неколку кина во кој токму тие денови се прикажуваше ревија на филмови од Џим Џармуш, кој беше актуелен со филмот „Dead man“. По проекциите, се дружиш низ пијачка со патници-намерници од цела Европа, и на крај се честиш со едно филмче на ВХС. Немав дилеми дека тоа треба да биде вториот целовечерен филм на Џармуш, чие дејствие „се врти“ околу унгарските имигранти кои сонуваат да се вратат дома! Впрочем, сето ова фино го доловив во мојот втор роман „Фото синтеза“ (2013) 😉
Читај повеќеТаг архива: фото синтеза
Кон романот „Фото синтеза“ од Игор Анѓелков
Вчера се продаде последниот примерок од второто издание на ФОТО СИНТЕЗА, кон кој Наталија Наумовска на блогот КРАЈБРЕЖЈЕ се осврна токму – вчера. Фина коинциденција. Убаво е кога книгата живее толку долго, дури осум години по нејзиното издавање. Благодарност до авторката за рецензијата: лична, прецизна, едноставна – како и самата приказна.
Читај повеќеДобрите скопски фраери
За романот „Фото синтеза“ од Игор Анѓелков (ИЛИ-ИЛИ, 2013)
пишува: Роберт Алаѓозовски
Игор Анѓелков (1974), кого, пред се’, го знаеме како филмски новинар и критичар, дискретно се издвои како ново квалитетно перо на урбаната проза. Од 2003 година, тој веќе 11 години е автор и уредник на филмскиот магазин “Филмополис” на ТВ Телма, единствената актуелна емисија во македонскиот етер што се занимава со седмата уметност. Паралелно на овој ангажман, ненаметливо, преку збирката раскази “Кротки приказни” (2006) и романот “Крај-пат” (2010) до најновата новела “Фото синтеза”, тој успеа да изгради стил и јазик на кој можат да му позавидат многу понаградувани, но во поетичка смисла, понедоделкани автори.