Деновиве од печат излезе годишниот број на Ревијата на Македонскиот ПЕН-центар за 2025 година. Низ богати содржини се претставуваат активностите на ПЕН-центарот во тековната година, со фокус на интернационалната јунска конференција во Охрид, но и со многу текстови од членовите на ПЕН, со простор за претставување и на новите имиња во македонската секција на оваа значајна интернационална асоцијација со 104-годишна традиција на постоење и делување. Се радувам и благодарен сум на колегите во редакцијата што моите ракописи во различни жанрови, како нов член од минатата година, се застапени во ревијата на ПЕН-центарот.

Текстот „Постхуманизам дома“ беше презентиран летово во Охрид на интернационалната конференција на асоцијацијата, а во превод на Милан Дамјаноски, на англиски јазик, може да се прочита од 33 до 36 страница:




Расказот „Некролог“ на англиски јазик во новиот број на Ревијата на Македонскиот ПЕН-центар за 2025 година може да се прочита од 137 до 141 страница. Оригинално e објавен во збирката „Двојна експозиција“ (2022).





На следните страници од ревијата (142-146) се објавени и три песни на англиски јазик (превод: Милан Дамјаноски) кои за прв пат јавно беа прочитани летово во Домот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, во рамките на активностите на интернационалната конференција на ПЕН-центарот. Тие се дел од актуелната стихозбирка „Ноември“.





@The Macedonian P.E.N. Review 2025
