во тишината на собата
дишам
во темнината на собата
дишам
и кога облакот
минува низ месечината
темнината влегува во мене
но јас и натаму
гласно дишам
бидејќи знам дека
светилникот во далечината
ќе засјае
посилно од Сонцето

во тишината на собата
дишам
во темнината на собата
дишам
и кога облакот
минува низ месечината
темнината влегува во мене
но јас и натаму
гласно дишам
бидејќи знам дека
светилникот во далечината
ќе засјае
посилно од Сонцето

Неодамна на своите профили на социјалните медиуми, ДПМ ја сподели песната „Улиште“ од стихозбирката „Ноември“, која е дел од конкурсот за годишните награди. Aвторот ја избра таа песна затоа што е единствената која опфаќа период на зреење од три децении. Овој текст низ (само)анализа ќе се обиде да ги долови патувањето на една песна низ времето, односно, трансформацијата од „цел“ во „улиште“.

кон стихозбирката „Ноември“ од Игор Анѓелков
пишува: Тони Ќосев
На крајот од секоја школска година, класниот раководител доделуваше книги за одличните ученици за прикажаниот успех. Според детската логика, колку подебела книга – толку подобар си бил од другите. Во шесто одделение мене ми доделија една тенка книга. Класниот ме убедуваше дека само јас сум можел да ја разберам. Како да не. За таа книга да ја разберам ми требаа години, предзнаења и знаења, животна зрелост. Насловот на книгата: „Странецот“ – Албер Ками, една од највлијателните книги во 20 век.

„Ноември е книжуле што мириса на љубов, во секоја нејзина форма и проформа, со вкус и мирис на пита од тиква, печени костени, џем од кајсија… Иако има мешовита структура, на секоја страница и низ секој стих тлее отелотворувачка атмосфера. Ни дал, поетот дебитант на педесет плус, парче од себе, впрочем како би го потврдил својот авторски печат, ако не си ја разголи душата?!

“Игор во своите стихови ја вметнал најважната дефиниција за поезијата: „и знам дека едноставните стихови се помоќни од сите други зборови“.
И сликите во кои можеме да се препознаеме, како оние во „Шума“, но и оние непознатите сонливи, како во „Бамји“ (во кои исто така можеме да се препознаеме дури и кога ни се незнајни), и тие се чувствуваат како блиски, а повторувањето на стиховите не претендираат да звучат како барање потврда, туку раѓаат ритмика.

„Не верувам во поезија која мириса на лаванда и лаги дека се’ ќе биде в ред. Поезијата што ја сакам се пие од валкани чаши. Рацете ти треперат, вриштат во празнината, а внатре има бучава која не можеш да ja поднесеш. Вистинската поезија не расте од светлината. Таа излегува од темнината на вашите коски, и подлабока е од улиците по кои некогаш сте оделе. Не прашувај се дали си добар, туку дали си искрен. И тоа е сосема доволно“. Дарко Митровиќ

Деновиве од печат излезе годишниот број на Ревијата на Македонскиот ПЕН-центар за 2025 година. Низ богати содржини се претставуваат активностите на ПЕН-центарот во тековната година, со фокус на интернационалната јунска конференција во Охрид, но и со многу текстови од членовите на ПЕН, со простор за претставување и на новите имиња во македонската секција на оваа значајна интернационална асоцијација со 104-годишна традиција на постоење и делување. Се радувам и благодарен сум на колегите во редакцијата што моите ракописи во различни жанрови, како нов член од минатата година, се застапени во ревијата на ПЕН-центарот.

Насловната фотографија на овој пост е на Никола Пијанманов, авторот на корицата на стихозбирката, направена во природeн амбиент, на чист воздух и со силни есенски бои, на извориштето на инспирацијата. А вредниот Тони Димков, се разбира, „постоењето“ на книгата ревносно го одбележи во почитуваниот „Културен печат“, во викенд бројот на „Слободен печат“ од 15-16 ноември.

Денеска од печат излезе мојата прва стихозбирка насловена “Ноември”. Месецот кој е меѓник меѓу присутната есен и надоаѓачката зима, исполнет со меланхолија. А ако нема добра доза на меланхолија – нема ниту добра поезија.
Се радувам што по минатогодишното објавување на романот “Ветрилиште” на истиот, роденденски датум, повторно честам книга. Во продолжение следи потребата да објаснам зошто се одлучив да станам поет на „50+“ 🙂
