На денешен ден пред 44 години беше објавен антологискиот сингл „Love will tear us appart“ на Joy division. Ова е вратата која го отвора и затвора спотот за песната, всушност, единствениот промотивен спот продуциран од бендот. Сето друго што сме гледале од култната манчестерска група се снимки од нивни настапи во живо. Спотот е снимен во април 1980 година, три недели пред смртта на Јан Кертис, во студиото на T. J. Davidson во Knott Mill, каде бендот вежбал на почетоците од кариерата.
Легендарната песна е снимена во јануари истата година, а издадена како сингл токму на овој ден во 1980 година, еден месец по смртта на Јан, со „These days“ на Б-страната. Песната во 1988 година се најде на албумот „Substance“, и секогаш фигурира високо на листите со избор на најдобри теми, а магазинот „New musical express“ ја прогласи за химна на 20 век. Еве го спотот снимен од самиот бенд, чист во својата форма, кој потоа долго останува во сеќавањата: