Архива за месец: јуни 2009

Добриот, лошиот и косоокиот

Нетрпеливо чекам да го видам новото остварување на налудничавиот Квентин Тарантино насловено „Неславни копилиња“, кој премиерно беше прикажан минатиот месец во Кан. И додека дистрибутерите не се сетат дека ќе направат добра зделка доколку го донесат филмот што побргу во домашните кино сали, доколку фановски и’ пристапиме на работата, тогаш филмските потреби во меѓувреме ќе ги задоволиме со јапонскиот филм „Сукијаки вестерн-џанго“, несекојдневно остварување кое споменатиот холивудски „enfant tеrrible“ актерски го отвора и го затвора, како добар дух над целиот проект.

Читај повеќе

Брза храна за бурен гнев

Максимално ангажираниот американски „неранимајко“, сценаристот и режисер Мајкл Мур, направи вистинска револуција со своите документарни филмови, кои „американскиот сон“ го сведоа на разголена реалност која на многумина не им се допаѓа. Неговото влијание е огромно, а тоа може да се види и од редицата доку-остварувања кои во последниве години не’ заплиснаа од сите страни на светот, неретко, поради големиот интерес, останувајќи на кино-репертоарот и по неколку месеци. Тука не станува збор за оние „квази-приказни“ кои обработуваат теми како тајни заговори, крај на светот, масонерија и слично, туку за вистински провокативни парчиња во кои авторите навистина се потрудиле низ истражувања и непобитни факти да ни откријат барем дел од (не)вистината во која денес сите ние живееме, длабоко соочувајќи не’ како пасивна публика со активен ум со комплексните социјални, општествени и политички прашања кои сите не’ засегаат, а кои најчесто ги игнорираме.

Читај повеќе

Последното издание на „Мезанин“

Иако ненајавено, ова беше последното, 284 издание на „Мезанин“, во кое судбината сакаше да слушаме три ЛП-ја од мистер Боби Марли. Hey Bobby Marley, say something good to me, ooo, this world go crazy, it’s an emergency…

Читај повеќе

Михаел Ханеке – оптимист во срцето

Кога пред десет дена Михаел Хакене ја доби „Златната палма“ во Кан за неговото ново остварување „Белата лента“, ми се чини дека беше поправена уште една неправда, бидејќи со својот филмски опус австрискиот автор со години заслужуваше да добие фестивалски почести, особено на најценетиот фестивал во светот, каде неколку пати беше во конкуренција за престижните награди. „Понекогаш сопругата ми поставува едно женско прашање: Дали сум среќен? Тешко е да се одговори на него, бидејќи мислам дека среќата е реткост. Но, ова е еден од ретките моменти кога можам слободно да кажам дека сум навистина среќен“, беа зборовите кои на сцената ги кажа брадестиот филмаџија, чија скромност подоцна се покажа и на дело, бидејќи на прашањето „како ќе ја прослави големата победа во Кан“, тој едноставно одговоri „со чаша вино со сопругата, а потоа одиме на спиење, затоа што сум премногу уморен од сите прашања на кои мораше деновиве да одговорам“.

Читај повеќе