Архива за месец: јули 2009

Кон документарецот „Плати и жени“ на Атанас Георгиев

Документарниот филм “Плати и жени”, пак, беше причина после подолго време да проработи како што треба веројатно нашата најубава и најдобра кино сала, “Милениум” во ГТЦ во Скопје. Иако никогаш исполнето до последното седиште, сепак, киното испиша нова приказна во историјата на домашната кино-прикажувачка дејност, бидејќи никогаш досега еден документарец на редовен кино репертоар не предизвикал толкаво внимание како ова остварување на Атанас Георгиев. Но, и за тоа си има длабока причина, која лежи во провокативноста на самата приказна која авторот ја раскажува на искрен и разбирлив начин.

Читај повеќе

Кон „Бруно“ на Саша Барон Коен

Три години по портретирањето на измислениот казахстански репортер Борат и заострувањето на односите со официјалните власти на поранешната советска република кои филмот го сфатија премногу сериозно, мајсторот на прерушувањето Саша Барон Коен повторно е актуелен благодарение на своето ново долгометражно остварување едноставно насловено како и главниот лик во него, „Бруно“. Слично како и претходно, комичарот од плејадата ликови кои беа составен дел од неговото популарно ТВ-шоу „Да Али Џи Шоу“ извлекува една „креатура“ со која на сатиричен начин сака да си поигра, овој пат со светот на модата и случувањата во нејзини рамки.

Читај повеќе

Чувства, поезија и екстаза

Многу убав потег е кога големи режисерски имиња ќе одлучат да направат рокументарец посветен на своите омилени музичари и бендови. Мартин Скорсезе во 1978 година во историјата ги испрати славните музички имиња од групата „The Band“ со филмот „The Last Waltz“, во следната декада Џонатан Дем на светот му го подари „Stop making sense“ за њувејв-хероите Токин’ хедс, Џим Џармуш ги следеше Нил Јанг и Крејзи хорс на нивната светска турнеја во 90-те насловена како и филмот „Year of the Horse“, додека во новиот милениум, Антон Корбијн конечно ја раскажа приказната за култните Јан Кертис и Џој дивижн во прекрасниот „Control“.

Читај повеќе

Ретро „Филмополис“ 261

Во оваа епизода на магазинот, преглед на случувањата во македонската кинематографија во првата половина половина од 2009 година. Главни улоги: Марија Џиџева, Атанас Георгиев, Иво Трајков, Ѓорче Ставревски…

Читај повеќе