Архива за месец: ноември 2021

Кон „Дина“ на Денис Вилнев

За љубителите на жанрот „научна фантастика“, дефинитивно најочекуваните филмски проекти во последниве години дојдоа од работилницата на канадскиот режисер Денис Вилнев. Многумина би рекле „очекувано“, бидејќи Вилнев е еден од ретките кој темелно може да се зафати со реализација на вакви жанровски остварувања бидејќи бескрајно ја сака и ја сфаќа научната фантастика. Неговата филмографија така и започна, со необичниот „The Arrival“ во 1996 година, кога заедно со Дејвид Твохи го втурнаа тогаш ултра-популарниот Чарли Шин во еден хичкоковски ес-еф-трилер за првиот контакт со вонземјаните. Потоа се обиде со многу други жанрови, за по 20 години да сфати дека неговата прва љубов, научната фантастика, е она на кое треба да се фокусира. По уште еден „Arrival“ во 2016 година како еден вид на загревање, конечно му се посвети на реализацијата на продолжението на „Блејдранер“ во 2017 година, како и на актуелната реинтерпретација на „Дина“.

Читај повеќе

Репортажа: PIN MUSIC 2021

Скопје деновиве живее интензивно на музички план. Во организација на „Пасворд продукција“, почнувајќи од 2012 година, PIN MUSIC Conference and Showcase прерасна во важен регионален музички настан на кој луѓето од музичката фела разменуваат искуства за одење чекор напред, но сепак најважното е она што истите тие, а и публиката, во вечерните термини можат да го видат во живо на сцената, каде со години наназад настапуваат интересни музички имиња од европските сцени, зачинети со актуелните бендови од домашната, македонска музичка сцена. Судејќи според првата вечер на 26 ноември, и оваа година не е исклучок, бидејќи на четирите стејџа во МКЦ можевме да проследиме еден куп возбудлива музика. Одиме по ред.

Читај повеќе

ARS LONGA. VITA BREVIS.

Минатиот месец во Струмица беше отворена новата Градска галерија, во која на симболичен начин беше одбележан големиот јубилеј „100 години струмичка ликовна уметност“ со изложба на дела на автори од локалната уметничка сцена. Еден месец пред тоа, здружението за култура „Транзен“ ја издаде истоимената монографија во која прави пресек на творештвото на најзначајните претставници од овој град во изминатите десет декади. Сето ова е дел од годинашната програма на манифестацијата „Струмица, град на културата 2021“, која и покрај пандемиските услови, изнедри квалитетни случувања.

Читај повеќе

Убавината на природата. Моќта на трансформацијата.

Скопје ја има таа привилегија да го има Водно крај себе како чувар и секојдневен благодет. Искачувањето до Крстовар е пожелно да се практикува барем за викенд поради одржувањето на здравиот дух. Кога одлучив да го искористам можеби последниот сончев викенд пред претстојните најавени дождови, посакав тоа да го сторам по нова, неоткриена патека. Изборот веднаш падна стартната точка да биде Св. Пантелјмон. И не згрешив. Во мојата скромна „кариера“ за прв пат ја искачив таа насока и се воодушевив. Природата на крајот од ноември во овој дел од планината го одзема здивот, отворено прикажувајќи ја моќта на трансформацијата преку дрвјата со надреални облици и ситните детали низ лисјата со кои патеката беше засипана. За оваа прошетка нема повеќе да трошам зборови, туку ќе оставам визуелно да уживате во неа, како провокација во наредниот период и Вие да ја проверите оваа возбудлива насока, за која велат дека во летниот период е уште поубава. Но на мене и ова ми беше и повеќе од доволно 😉

Читај повеќе

„Скопје во високата зона“ од Калина Малеска

Денес од печат излезе нова книга во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, збирката раскази „Скопје во високата зона“ од Калина Малеска.

Читај повеќе

КинеНова #6 на ТВ!

По успешното враќање во магичниот простор на затемнетите кино храмови, КинеНова ја продолжува својата променада во текот на целиот ноември и на телевизија, на радост на оние кои не беа во можност да ја проследат програмата со физичко присуство од 27 до 31 октомври. Ако добро Ве држи сеќавањето, ланското, петто издание на фестивалот поради светската пандемија комплетно се одржа на телевизискиот екран, кога реакциите на филмофилите беа одлични. Токму затоа и оваа година КинеНова ја задржува хибридната форма, пласирајќи ја својата одлична програма на ТВ24, каде секој ден од 22.30 ќе имате можност да погледнете прекрасни остварувања, вклучувајќи ги и наградените филмови, кои ги нема на ниту еден друг канал. Еве ја комлетната програма, изберете и уживајте во текот на целиот ноември. КинеНова како домашно кино. ФИЛМТРИРАМЕ 😉

Читај повеќе