КинеНова #6 на ТВ!

По успешното враќање во магичниот простор на затемнетите кино храмови, КинеНова ја продолжува својата променада во текот на целиот ноември и на телевизија, на радост на оние кои не беа во можност да ја проследат програмата со физичко присуство од 27 до 31 октомври. Ако добро Ве држи сеќавањето, ланското, петто издание на фестивалот поради светската пандемија комплетно се одржа на телевизискиот екран, кога реакциите на филмофилите беа одлични. Токму затоа и оваа година КинеНова ја задржува хибридната форма, пласирајќи ја својата одлична програма на ТВ24, каде секој ден од 22.30 ќе имате можност да погледнете прекрасни остварувања, вклучувајќи ги и наградените филмови, кои ги нема на ниту еден друг канал. Еве ја комлетната програма, изберете и уживајте во текот на целиот ноември. КинеНова како домашно кино. ФИЛМТРИРАМЕ 😉

Како мало потсетување, еве го текстот за годинашните лауреати на КинеНова, кои ќе бидат дел од програмата на ТВ24 во првите прикажувачки денови. Топла препорака да не пропуштите ниту еден од нив 😉

https://herojnaedenden.mk/%d0%bd%d0%b0%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d1%84%d0%b8%d0%bb%d0%bc%d0%be%d0%b2%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d0%be%d1%84%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0/#more-6273

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *