Врз основа на членовите 1, 2, 7, 12, 16, 17 и 18 од Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на Р.М.“ бр.52/06, бр.54/07 и 74/12) и Правилникот за работа, Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев –Јасмин“, на седницата одржана на 30.11.2015 година донесе Одлука за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев –Јасмин“ во 2015 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија на м-р Игор Анѓелков и проф. д-р Мишо Нетков.
Мито Хаџивасилев Јасмин претставува државна награда, со која се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. Во една година можат да се доделат најмногу до две награди. Се доделува на 21 декември – денот на раѓањето на Мито Хаџивасилев Јасмин. Државната награда за првпат е доделена во 1969 година.