„Колку допирот може да биде од судбинско значење. И колку суптилноста на стилот може да плени? Многу, и притоа да остави силен впечаток. „Двојна експозиција“ на Игор Анѓелков говори за внатрешните војни на секојдневието, за миговните преграби, за погледите вредни цела една младост, за насмевките и допирите што говорат со јазикот на љубовта, за солзите во чии длабочини тонеме, за разминувањата од животно значење… и само писатели како него успеваат да ги забележат“. Сашо Огненовски напишал ангажирана рецензија за „Двојна експозиција“ во која опфатил многу различни аспекти кои ги нуди ракописот.
Рецензијата насловена „Другата страна на битствувањето“ е објавена на интернет страницата култура.мк и можете да ја прочитате на следниот линк: