Посветено на Благоја Иванов

На 7 март во Салон 19.19 при КИЦ во Скопје се одржа промоцијата на „Луѓето,а не градот“ на Снежана Младеновска Анѓелков. Книгата е посветена на старите скопски маала низ искази на луѓето кои интензивно го живееле маалскиот живот во главниот град во средината на минатиот век. Еден од најревносните хроничари на скопскиот живот во своите прозни дела беше професорот и писател Благоја Иванов, кому авторката му оддаде почит со видео запис во воведот на настанот, напоменувајќи ја токму таа негова посветеност на родниот град низ сиот свој творечки опус.

Видеото е снимено постхумно во неговиот работен кабинет кој содржи богата библиотека со вредни книжевни наслови, а текстот кој авторката го интерпретира во текот на двеиполминутниот материјал е воведот во збирката раскази „Од онаа страна на заборавот“ (1975).

Вечна му слава!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *