Јапонската вселенска агенција (JAXA) утрово извести дека нејзиниот лунарен лендер (SLIM) успешно продолжил со операциите откако преживеал долга и исклучително студена двонеделна ноќ на Месечината. Првата фотографија која пристигнала на Земјата, велат од ЈАХА, ги зачудила сите. По долги дискусии, заклучиле дека се работи за Лајка, руското куче скитник од улиците на Москва, првото живо суштество кое беше пратено во вселената.
„Многумина мислеа дека тоа почина додека орбитираше околу Земјата, но очигледно не е така“, се вели во соопштението. „Можеби оваа фотографија го објаснува и настанувањето на месечевите кратери!?“, додаваат од ЈАХА, провоцирајќи ги останатите истражувачи да размислуваат во таа насока.