Синоќа симболично, на денот на ослободувањето на Скопје, во преполниот „Ван Гог“ се случи промоцијата на монографијата “Хроника на една гласна иронија“ од Тошо Филиповски, посветена на најконзистентниот македонски бенд „Суперхикс“.


Во вечерта за паметење беа споменати многу имиња заслужни и за монографијата и за 32-годишното постоење на бендот, за на крајот прекрасната атмосфера да се заокружи со акустична свирка.

Чест ми е што и јас со еден кус осврт придонесов кон ова славење на публицистиката, музиката и животот.


Честитки до Тошо и момците, со желби за уште многу изданија во иднина!
