„Црвениот балон“ на Алберт Ламорис

Има толку моќни кратки филмови, но ретки се оние кои потоа остануваат во сеќавањата. Еден од нив сигурно е францускиот „Црвениот балон“ на режисерот Алберт Ламорис, кој не се заборава лесно. Добитникот на „Златната палма“ во Кан за најдобар краток филм, на 30-тото доделување на „Оскарите“ ја доби наградата за најдобро оригинално сценарио, иако во него речиси и да нема дијалози. Тоа се’ уште е единствениот краток филм кој ја добил оваа престижна награда на Американската филмска академија.

Краткиот филм премиерно бил прикажан во Франција на 19 октомври 1956 година, а потоа играл и во кината во Обединетото Кралство. „Црвениот балон“ во САД бил дистрибуиран во училиштата низ целата земја како дел од задолжителната образовна настава, и тоа на 16мм лента, што претставува вистински куриозитет.

Режисерот Ламорис ги користеше своите деца како актери во филмот. Неговиот син Паскал се игра себеси во главната улога, а неговата ќерка Сабине ја портретира младата девојка. Интересно, Алберт Ламорис една година по снимањето на краткиот филм и по добивањето на многуте признанија, ја изумил играта „Ризик“, која и ден-денес е една од најпопуларните друштвени игри ширум светот.

Конечно, повелете реставрирана верзија од филмот, отворете ги сите сетила, и уживајте!

https://www.youtube.com/watch?v=dGzY9zp46KI

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *