Вечерва во 19 часот во киното „Фросина“ при МКЦ беше изведен детскиот мјузикл на македонски јазик „Приказната за генијалната Матилда“, како дел од Фестивалот на детска креативност „Трамболини“. Препевот е на Весна Малинова, преводот на Јована Лалчевска, актерската игра на Радо Алексовски, а кореграфијата на Лара Иванова и Јована Спиркоска. Настапија членовите на Студиото за мјузикли за деца и младинци „Broadway JR“.
Честитки до целата екипа, затоа што работата со деца, особено на специфичен жанр како мјузиклот, е прилично сложен процес, но на крајот, сцената беше супер разиграна, а публиката и повеќе од задоволна!