30 години „Суперхикс“

Рам-пара-рам-пара-рам…

Синоќа сите патишта водеа во Рим… пардон, во Кисела вода. Добро, нешто слично, но не баш исто 😉 Синоќа „Суперхикс“ прославија 30 години од своето постоење со спектакуларен мега настан во паркот „Расадник“, со многу гости на сцената, со убава енергија, со насмеани лица од сите генерации… Присуството беше задолжително, затоа што требаше да им се оддаде почит на дечките за инаетот, издржливоста, креативноста и безбројните песни кои сите ние со години наназад си ги певуцкаме во разни прилики и ситуациии во оваа наша небиднина.

Дани Димитровска, „Фолтин“, „21 век“, Мите Димовски, Камерниот оркестар од Битола, Гоце САФ, „Ред 18“ и српската група „Ја, Дека и Зека“ го зачинија настанот со прекрасна енергија, давајќи му додатна длабочина и покажувајќи дека соработката е онаа која e најважна бидејќи облагородува.

На сцената постојано имаше меѓу 10 и 15 музичари, а во еден момент, кога за последните теми бендот беше придружуван од Камерниот оркестар од Битола, и преку два-триесет. Лудило!!!

Се разбира, благодарност за поканата да се каже збор-два за 30-годишниот јубилеј.

Честитки, бандо! Уште за многу години!!!

Рам-пара-рам-пара-рам-пара-рара-рара-рам…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *