„Ветрилиште“, најава

Драги читатели, со радост и исполнетост го најавувам излегувањето на мојата нова книга следната недела. Додуша, романот од поодамна е готов, но сакав да спојам две убави работи – мојот 50-ти роденден со мојата 10-та објавена книга. А кога задлабив уште малку, дојдов до моментот дека ова ми е петти роман, што исто така претставува мал јубилеј, како и осумнаесетта година од излегувањето на мојата прва книга, збирката раскази „Кротки приказни“ (2006), што значи, и официјално влегувам во книжевно полнолетство. 50=10=5=18. Нумеролози, бујрум 🙂

Изминатите неколку вторници (и петоци) можеби го забележавте најавното видео кое го споделував, а еве го денес со крајната координата, денот на излегувањето од печат, 5-ти ноември. Оваа седмица романот ќе можете да го купите во претплата по промотивна цена во книжарница, за што ќе добиете ваучер со славниот петел на Пикасо (слика долу), со кој од 5-ти ноември натаму повторно ќе наминете во дуќан и ќе ја добиете книгата, се разбира, потпишана од авторот 😉 Втората опција е да ја нарачате онлајн на следниот линк, и по 5 ноември ќе биде доставена до вашата наведена адреса: https://iliili.com.mk/knigi/vetrilishte/

Бидејќи книгата не е финансиски поддржана, овој момент на одлука од ваша страна е многу важен, и однапред Ви благодарам доколку решите да дадете поддршка на овој начин. Инаку, книгата е во лимитиран тираж од 300 примероци, со тврд повез, шиена… Вистинска раритетна убавица!

А за тоа какви тајни крие романот… засега, како мала провокација, ja споделувам задната корица (слика долу), а сето останато го содржи поговорот на Оливера Ќорвезироска, која ги препозна сите битни моменти во приказната и напиша еден прекрасен есеј.

Во очекување на реакциите од Вас, читателите, по читањето на книгата, да сме живи и здрави! 🙂

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *