Објвувањето на една книга поминува речиси незабележително на домашните телевизии, затоа пријатно ме изненади желбата на ТВ Алфа да направиме прилог за новиот роман „Ветрилиште“. Значи, во морето јавувања од загрижени пензионери за status quo состојбата во нашата земја, во „Утринската програма“ имало простор и за книжевноста. Убаво.
Голема благодарност за отстапениот простор и професионалноста во пристапот на Ирена Пепељуговска Цветановски, прилогот (се надевам и муабетот) е одличен 😉