Денес од печат излезе стихозбирката „Таму каде што не сме“ од Георги Господинов. По шесте прозни изданија и една детска книга, „ИЛИ-ИЛИ“ прв пат објавува негова поезија, во препев на Никола Маџиров, кој стоеше и зад изборот на песни насловен „Балади и распади“ во издание на „Блесок“ во 2011 година.

Георги Господинов е еден од највлијателните современи бугарски писатели, роден 1968 година во градот Јамбол. По образование е филолог и литературен историчар, но својата кариера ја започнува како поет и токму поезијата е првиот јазик преку кој го изразува светот.
Неговата прва збирка поезија, „Лапидариум“ (1992), веднаш привлекува внимание со својот лаконски стил, меланхоличниот и носталгичен тон. Следуват „Црешата на еден народ“ (1996), „Писма до Гаустин“ (2003) и „Таму каде што не сме“ (2016). Во македонското издание на книгата ексклузивно се објавени и неколку досега необјавени песни на Господинов.
Иако Господинов е меѓународно познат по своите романи, како „Физика на тагата“ и „Засолниште во времето“, тој никогаш не ја напушта поезијата. Во едно интервју, тој вели: „Ја негувам онаа литература што се распаѓа. Што мириса на минато. На изгубени нешта. Тоа е поезијата.“

