Спиеш ли мирно, Сара Конор?

Со „Безбеден град“, пешаците и велосипедистите конечно ја добија заслужената почит како составен дел од сообраќајот. И најважно од се’, на кутрите возачи-почетници од авто-школите нема беспотребно да им се свири.

Но друга работа што загрижува со „Safe city“ е суптилното преземање на нештата од вештачката над природната интелигенција. Не знам што ќе прават сега сообраќајците откако машините ги земаа работите во свои раце!?

Спиеш ли мирно, Сара Конор?