Од ризницата префрлена од ВХС која датира пред 22 години, еве еден од моите најдраги телевизиски прилози поради контекстот во кој го работевме. Панк-рокерите „Но нејм нејшн“ во септември 1999 година издадоа нов ЦД-албум насловен „У пичку матер“, вклучувајќи го и големиот хит во тоа време „Девојките од Аеродром“. Кога се слушнавме по телефон за да закажеме интервју, Божо и Сисир предложија да дојдеме во станот кој во моментот го молерисуваа, и тука да го направиме муабетот. „Еј, па зошто да не, баш е панкерски“, си помислив, и со снимателот Сале правец – Кисела вода.
За жал, прилогот почнува нагло бидејќи малку е сецнат на почетокот и нема класичен влез/вовед, но се надевам дека тоа нема да пречи при сумирањето на крајните впечатоци. Заклучокот кој се наметнува е дека на времето, за разлика од денес, на телевизија можеа да се видат и вакви храбри прилози, кои како да доаѓаат директно од работилницата на Ед Вуд. Уживајте 😉