Викенд во Скопје.
Џон, Пол, Џорџ и Ринго, на враќање со воз од Индија, останале еден викенд во Скопје зашто им се видел убав. На фотката се сликани од Скендер крај Вардар зад Влада, шеес’ и некоја, после пар ракии уз шопска, и по некој ќебап кај Жабарот.
Легендата вели дека тој ден настанала “Еј Јуле”, откако младата згодна скопска госпоѓица минала крај нив и се упатила по мовчето кон спортска медицина под Кале, нежно насмевнувајќи се на кочијашкото свиркање на Ринго. Подоцна продуцентите го смениле насловот на песната во “Хеј Џуд”, која станува светски хит.